четврток, 21 мај 2026

До 24 септември е рокот за пријавување на бруцоши за сместување во државни студентски домови

Објавено на

часот

Сподели

Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот. Студентите кои ги исполнуваат условите пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом.

Од МОН соопштуваат дека за бруцошите се предвидени 1.249 места во студентските домови.

За слободните места во студентските домови, кои се останати непополнети по објавување на конечните списоци, пријавувањето ќе продолжи сé до пополнување на истите, но не подоцна од 15 октомври. Согласно информациите по објавата на резултатите од аплицирањето на студентите од втора и повисоките години на студии, останати слободни места има во студентскиот дом „Пелагонија“ (300), во „Кузман Јосифовски – Питу“ (30), „Томе Стефановски – Сениќ“ (110) и во третата зграда во „Стив Наумов“ (300).

2021-09-18 10:50:34, од Лидија Велковска

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ