сабота, 23 мај 2026

Четри лица починаа од ковид-19 во штипската модуларна болница

Објавено на

часот

Сподели

Дел од медиумите ја пренесуваат изјавата на директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев дека пациентите кои се лекуваат во модуларната болница се со тешка клиничка слика, со воспаленија на двете белодробни крила и со други наоди и болести. Според него, во моментов во болницата од 38 пациенти, само четворица не се на кислородна поддршка. Во кожното одделение се лекуваат осуммина и тоа се пациенти кои се стабилизирани и за неколку дена се очекува да заминат дома.

Ѓеорѓијев додава и дека кон крајот на наредната недела се очекува да се стави во функција и Инфективното одделение, во кое се поставува современ противпожарен систем, со рана детекција за пожари и прскалки. Во зградата на Инфективното одделение ќе се лекуваат над 60 пациенти. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ