Во врска со вакцинацијата во нејзината институција д-р Бухова вели дека во ДЗСИ сите се или вакцинирани или имаат прележано ковид и се во период кога се чека пред вакцинација. Од медицинскиот персонал што ДЗСИ го контролираше вчера, Бухова вели дека повеќето се вакцинирани, но оние помалку кои не се немаат ингеренции да ги поттикнуваат на тоа затоа што вакцинацијата не е задолжителна.
„Мојот личен став е дека сите лица вработени во медицински установи би требало задолжително да бидат вакцинирани“, рече Бухова за Утрински брифинг.






