На состанокот, како што информира Министерството за социјална политика, демографија и млади, стана збор и за подобрување на условите за работа, плановите за реновирање на центрите, потребата од нови вработувања, раст на платите во социјалната заштита и имплементација на СВИС системот.
Министерот Лимани посочи дека ваквиот тип состаноци ќе станат редовна пракса, но ќе се организираат и редовни посети на центрите за социјална работа и установите за заеднички да се разгледаат тековните предизвици со кои се соочуваат институциите од социјална заштита, да се разменат искуства и да се договорат конкретни чекори за подобрување на системот.
„Постапката за физичко обезбедување е во крајна фаза. Социјалните работници се двигатели на промените во општеството и нивната улога е неприкосновена. Министерството стои на располагање за целосна поддршка и соработка со цел заедно да креираме политики и мерки кои ќе обезбедат поквалитетни социјални услуги за граѓаните, но и задоволни и мотивирани вработени“, порача Лимани.