среда, 8 јули 2026

На средбата со Сиљановска Македонците од Турција иницираа отворање на нов лекторат во Анкара

На средбата на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова со припадници на македонската заедница во просториите на македонската амбасада во Анкара, беше иницирано отворање на лекторат на македонски јазик во Анкара. Предлогот за ова го даде професоркат Мелахат Парс, раководителка на Катедрата по македонски јазик при Анкарскиот универзитет.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата присуствуваше и Севим Оздемир, претседателка на Здружението „Иселениците од Румелија“.

„Оваа иницијатива ја препознавам како природен и стратешки чекор. Во земја каде што живее бројна заедница со македонско потекло, лекторатот ќе биде простор за изучување, негување и афирмација на македонскиот јазик“, истакна претседателката Сиљановска.

Таа додаде дека во сведоштвата на нашите иселеници се преплетуваат спомените за родниот крај, постојаната грижа за македонскиот јазик, како и одговорноста ова културно богатство да им се пренесе на идните генерации во Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ