Продолжувајќи ја нивната мисија, посочуваат од МОН, обврска е да се гради силен образовен систем што ќе создава генерации со знаење, критичко размислување, креативност и чувство на заедништво.
„Да го почитуваме сопственото наследство, но и да бидеме отворени кон другите култури. Да втемелиме општество засновано на доверба, солидарност и соработка“, порачуваат од МОН.
Министерството нагласува дека сегашните учители имаат исклучително важна улога – да воспитуваат и образуваат млади луѓе, кои ќе умеат да размислуваат самостојно, да препознаваат вистински вредности и да не подлегнуваат на дезинформации, стереотипи и манипулации.
„Со системска поддршка, квалитетно образование и активна вклученост на родителите, нашите млади можат да израснат во граѓани подготвени да обликуваат подобра иднина за себе и за целата држава“, се вели во честитката.






