Предлагачи на законот се пратениците Даниела Христова, Каролина Насковска, Иванка Василевска и Велика Стојкова-Серафимовска.
Комисијата не прифати шест амандани поднесени од група пратеници од ДУИ и Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија.
Пратеникот Сали Мурати од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија во образложението од амандманите рече дека предложената возрасна граница од 30 години на студент што аплицира за сместување во дом може непропорционално да погоди социјално ранливи категории студенти за кои во законот има посебна одредба во член 25 – лица без родители и родителска грижа и лица со попреченост и ако е поради објективни причини, тие често подоцна се запишуваат или нивното студирање подолго трае.
Во врска со образложението на предложената забрана од една до пет години за сместување во студентски домови за студенти што ќе сторат потешка повреда на куќниот ред, ќе направат штета на инвентарот, ќе бидат фатени со алкохол или други супстанции или доколку се констатира навредливо, заканувачко, агресивно или насилничко однесување…, тој рече дека таа е потпишана без критериуми според кои надлежните органи го одредуваат конкретното траење на тие граници што создава ризик од произволно изнесување и нееднаков третман во одделни случаи бидејќи ќе се остави на универзитетите тоа да се регулира со статути и ќе има разни аршини на казнување.
Потенцира дека забраната за сместување на студентите може да ги оневозможи да користат сместување во кој било дом во државата.
„Предлог-законот пропишува рок од осум дена за поднесување приговор, но не пропишува рок во кој надлежниот орган мора да одлучи по приговорот што може да се објасни како да ја обесмисли правната заштита ако долго трае бидејќи тие мора да бидат сместени некаде. И во опкружувањето секаде е 15 дена. Во врска со одлучување на приговорот, мора да се дозволи управна постапка за потешки дела. Не може да има измени и дополнувања без преодни завршни одредби. Ако носите закон и немате предвидени преодни завршни одредби, ќе дојдеме до судир со Уставот. Затоа предлагаме почнатите постапки да течат по стариот закон“, додаде Мурати образложувајќи ги амандманите.





