петок, 24 јули 2026

Независен синдикат на професионални војници: Касарната Петровец нема исправна вода за пиење цели 35 години

Независниот синдикат на професионални војници преку соопштение реагира на состојбата со водоснабдувањето во касарната Петровец на АРМ. Од синдикатот велат дека 35 години нема технички исправна вода во касарните Петровец и Чојлија.

Објавено на

часот

Сподели

„Додека министерот си ја тера пиар-кампањата, со снимање на филмови за наводното реновирање на објекти во Армијата, се заборава најбитниот факт и проблем во Армијата – а тоа е ВОДАТА !

Додека министерот за одбрана се слика како се реновира покрив и тоалети во касарната Чојлија , треба да знае дека и во таа касарна и во соседната касарна Петровец нема исправна вода за пиење цели 35 години !“, се вели во соопштението на Независниот синдикат на професионални војници.

Тие реагираат дека наместо во 21 век да се вложат средства во приклучоци за вода на градскиот водовод, министерот Мисајловски троши буџетски средства да реновира тоалети каде што ќе тече неисправна вода (хемиски и биолошки).

„Дали треба да се случи истата состојба во касарните со војниците како во Гостивар ?! Иако знаеме дека во половина од касарните водата е неисправна за пиење.
Синдикатот го потсети министерот уште пред 3 месеци, дека во касарната Петровец нема исправна вода, кога се сликаа со премиерот со новите ‘страјкери’, но грижата за човечкиот фактор не допира до ова раководство, каде што приоритет е тендери и ненаменски трошење пари од буџетот“, наведуваат од Независниот синдикат на професионални војници.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ