Неотел искажува интерес за одобренија: В41, В44, В45 и В46, Битстрим Мобиле за одобренија А1 и В1, А1 Македонија за Одобренија: А2, А3, В2 и В3, а Македонски Телеком за одобренија: В2, А2 и/или А3. Во прилог на писмата за искажување интерес, заинтересираните страни доставиле и предлози и
коментари по однос на јавната расправа https://aek.mk/wp-content/uploads/2021/07/20210708-Rezultati-od-javna-rasprava.pdf
„Имајќи ги предвид Резултатите од јавната расправа по објавената Намера и пројавениот интерес за Одобренијата кои треба да се доделат, а во согласност со член 134 став (6) АЕК ќе објави јавен тендер со јавно наддавање”, најавува АЕК.
Регулаторното тело на 1 јуни годинава објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за издавање ограничен број одобренија за користење на радиофреквенции и отвори јавна расправа која траеше до 5-ти месецов.
Операторите што ќе добијат одобрение за национално покривање се должни со новоиздадените и постоечките одобренија за користење на радиофреквенции да обезбедат покриеност, согласно Националниот оперативен бродбенд план. Конкретно, до крајот на 2023 година најмалку еден град да биде покриен со 5G сигнал, а до крајот на 2025 година, главните коридори согласно Договорот за основање на транспортна заедница на основната и сеопфатна патна мрежа во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал. До крајот на 2027 година сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал, а до крајот на 2029 година, секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.






