Според информациите од полицијата, малолетничката во текот на неколку месеци вршела психичко насилство врз дете од Кочани преку социјални мрежи.
Во друг случај, кочанската полиција поднесе кривична пријава и против 38 годишниот С.Р. од Кочани поради сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.
Како што информира полицијата, на 6 април 2026 година пријавениот од свој профил на социјална мрежа објавил заканувачка и навредлива содржина, која подоцна во форма на „скриншотови“ била доставена до полициски службеник од ОВР Кочани.
Од полицијата велат дека по документирање на случаите се преземени соодветни законски мерки.






