„Прекрасни средби со претставници на „Македонија 2025“ и нивни блиски соработници. Пријателите на Македонија отсекогаш биле важен столб во поддршкaта и развој на нашата држава. Во рамките на самитот на „Македонија 2025“ остварив значајна средба со нашите долгогодишни пријатели на Македонија, Џон и Јордан Битов, сопственици на најголемиот дневен весник во Канада ‘Торонто стар’, како и со Марко Мендасино, поранешен министер, член на Парламентот на Канада и член на владата. Семејството Битов игра водечка улога во нашата дијаспора, заслужни се за многу успеси на Македонија од самостојноста до денес“, напиша Николоски на Фејсбук.
На средбите, како што наведува, станало збор за економските политики на Македонија, размената на знаење, употребата на дигиталните технологии, поддршката за образованието, здравството и институциите.
„Со заедничка работа и партнерство Македонија може побргу да напредува и да стане посилна и поконкурентна држава“, напиша Николоски.






