Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северозападен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 18 до 25 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.






