сабота, 16 мај 2026

МВР го идентификуваше малолетникот што опасно возеше скутер во Штип

Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистен случајот од видео објавата споделена на социјалната мрежа Фжфејсбук, на која се гледа лице кое управува скутер на едно тркало и со таквото однесување ја загрозува безбедноста во сообраќајот.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници веднаш презедоа мерки и активности за идентификација на лицето. По преземените активности, од страна на СВР Штип утврдено е дека на 11 мај 2026 година околу 21 часот, на раскрсницата помеѓу улиците Сремски Фронт и Борис Крајгер во Штип, 15 годишниот Е.Б. сторил кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, како и сообраќајни прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Лицето е пронајдено и идентификувано, а против него се преземаат соодветни законски мерки согласно важечките законски прописи“, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да се однесуваат совесно и одговорно и да не изведуваат опасни дејствија со кои се загрозува сопствената безбедност, како и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ