Деспотовски се враќа во составот на Македонија по пауза од една година, а досега има три настапи за репрезентацијата.
Македонскиот фудбалер имаше солидни настапи во дресот на ОФК Београд оваа сезона, односно настапи на 26 меча и постигна еден гол и две асистенции.
Македонија го игра првиот пријателски дуел против БиХ на 29 мај, додека на 1 јуни ќе се соочи против Турција.






