Долго време резултатот беше 0-0, мрежа конечно беше затресена во 72. минута кога Семењо со пета постигна интересен гол за водство на Сити од 1-0, што беше и конечен резултат.
Гвардиола сега може да се пофали со дури 20 трофеи како тренер на Манчестер Сити, шпанскиот стратег направи фантастична работа во англискиот клуб.
Тој освои еден трофеј во Лигата на шампионите, шест во Премиер лигата, пет во Лига Купот, три во ФА Купот, три Комјунити Шилд, еден во УЕФА Супер Купот и еден во на ФИФА Светскиот клупски куп.






