сабота, 16 мај 2026

И Пелистер излезе со реакција за скандалозната прослава на Вардар

Фудбалскиот клуб Пелистер ја осуди контроверзната прослава на фудбалерите и раководството на Вардар по повод нивната титула шампиони на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Откако ја освоија титулата, на прославата по мечот со Струга, вардарци меѓудругото пееја песни навредувајќи ја Каролина Гочева и градот Битола.

Таквото однесување предизвика многу реакции и осуди од сите страни, а се јави и фудбалскиот клуб Пелистер.

„Најостро ги осудуваме навредливите и понижувачки пораки упатени кон жените од Битола за време на прославата на титулата на ФК Вардар, како и во т.н. извинување на нивниот прв човек. Фудбалот треба да обединува, да слави спортски дух и успех, а не да биде простор за ширење омраза, сексизам и навреди.

Ниту една прослава не смее да биде оправдување за деградирање на жените, навредување или ширење примитивизам. Ваквото однесување не е навивачка страст, туку срам за спортот и за општеството.

Почитта мора да биде над ривалството. Да навиваме со срце, но и со достоинство“, се вели во реакцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ