„Загрижува фактот што бројот на субјекти со утврдени неправилности бележи раст и покрај континуираните мерки на УЈП. Додека минатата година неправилности биле утврдени кај 32 отсто од контролираните субјекти, оваа година тој процент е зголемен на 42 отсто. За утврдените неправилности во првите четири месеци од 2026 година изречени се глоби на правното лице и одговорното лице кај 395 субјекти. Најчеста неправилност и понатаму останува неиздавањето фискални сметки, при што во првите четири месеци од 2026 година се изречени 242 глоби по овој основ. Значителен раст е евидентиран и кај прекршоците поврзани со невоведување фискален систем, каде бројот на изречени глоби е зголемен од 7 на 32 во споредба со минатата година. Поради повторено неиздавање фискални сметки во период од две години, на 25 субјекти им е изречена мерка привремена забрана за вршење дејност запечатување на објектите“, информира денеска Управата за јавни приходи.
Спроведени биле вкупно 960 контроли за фискализација, а опфатени биле 434 угостителски објекти, 318 трговски објекти, 201 услужен објект и седум приредувачи на игри на среќа.
Контролите се реализирани врз основа на пријави од граѓани преку линијата 198, интерни анализи на УЈП и координација со други надлежни институции.
Од УЈП информираат дека има зголемување на пријавите од граѓани за 36 проценти односно дека во овој период пристигнати се вкупно 887 пријави од граѓани.






