сабота, 16 мај 2026

Стерјовски се сретна со Народниот правобранител на Албанија

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски на средбата со албанскиот народен правобранител, Ендрит Шабани, изразил благодарност за грижата и посветеноста што институцијата Народен правобранител ја покажува кон македонската заедница во Албанија.

Објавено на

часот

Сподели

„Особено ме охрабри информацијата дека до крајот на овој месец ќе биде објавен Извештајот за состојбата со правата на националните малцинства во Албанија, заедно со конкретни препораки за нивно понатамошно унапредување“, информираше Стерјовски.

Додаде дека во процесот на подготовка на овој значаен документ, имале конструктивна средба со експертите од институцијата Народен правобранител, при што доставиле и писмени предлози, сугестии и препораки за подобрување на положбата и правата на македонското национално малцинство во Албанија.

Се надеваме, вели тој,  дека нашите забелешки и препораки ќе бидат соодветно вклучени во конечниот извештај и дека тие ќе придонесат кон натамошно зајакнување на институционалната заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија.

„Само преку силни, независни и одговорни институции, како што е Народниот правобранител, можеме да изградиме општество во кое секој граѓанин и секоја заедница ќе се чувствуваат еднакво почитувани, заштитени и вреднувани“, нагласува тој.

Според Стерјовски институцијата Народен правобранител е една од ретките независни институции во Албанија која континуирано и со особено внимание ја следи состојбата со правата и положбата на националните малцинства.

„Оваа институција редовно ги разгледува и процесуира претставките и жалбите што ги поднесува македонската заедница, давајќи значаен придонес во заштитата на нашите колективни и индивидуални права“, посочува Стерјовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ