сабота, 16 мај 2026

Автобус се запалил на автопатот Велес-Скопје, нема жртви, нема повредени (ВИДЕО)

Автобус со прилепски регистарски ознаки се запалил попладнево на автопатот Велес–Скопје, кај наплатната станица Отовица.

Објавено на

часот

Сподели

„Сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени лица. На местото на настанот се упатени екипи на ТППЕ и полициски службеници од СВР Велес“, потврдија од МВР за МКД.мк.

„Денеска околу 16 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес–Скопје, кај наплатната станица Отовица, се запалил автобус со прилепски регистарски ознаки. Сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени лица. На местото на настанот интервенирале екипи на ТППЕ. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Велес“, информираа од МВР.

Оттаму соопштија дека по извршениот увид, сообраќајот на автопатот Велес-Скопје после патарината Отовица е нормализиран и се одвива непречено.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ