Посебно внимание во истрагата беше посветено на трансакциите со криптовалути. Семејството Трамп ја основа „Ворлд Либерти Фајненшл“ во 2024 година, која, според истрагата, остварила приходи од околу 1 милијарда долари до крајот на 2025 година.
Во исто време, администрацијата на Трамп ги ублажувала регулативите поврзани со пазарот на криптовалути, додека семејната компанија ги проширувала своите операции и привлекувала големи инвеститори.
I am the Head of Product at Trump Mobile. There is no product. I have the best job in America.
590,000 people paid $100 each to preorder a gold phone that does not exist. That is $59 million. My KPI is deposit velocity. I have a whiteboard in my office that says DEPOSIT… pic.twitter.com/M6PZ53rk6X
— Peter Girnus 🦅 (@gothburz) May 12, 2026
Само неколку дена пред почетокот на неговиот втор мандат, Доналд Трамп ја лансираше својата криптовалута наречена „$ТРАМП“, позната како мемeкоин. Вредноста на токенот нагло скокна по агресивната промоција на социјалните медиуми и настаните организирани во луксузните одморалишта на Трамп.
Според проценките на весникот Фајненшл тајмс, Трамп можел да заработи околу 350 милиони долари само од тој проект.
Меланија Трамп е исто така вклучена во приказната, бидејќи лансираше свој мемекоин, чија вредност исто така експлодираше пред нагло да падне.
Истрагата наведува и случаи во кои странски инвеститори и милијардери поврзани со истраги од американските регулатори инвестирале десетици милиони долари во проекти поврзани со фамилијата Трамп, по што одредени постапки против нив биле ублажени или суспендирани.
Се споменуваат и врски со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, вклучувајќи милијарди долари инвестиции, луксузни подароци и профитабилни воени договори одобрени од американската администрација за време на мандатот на Трамп.
Во текстот конкретно се споменува и Џаред Кушнер, кој, паралелно со политичките преговори на Блискиот Исток, водел инвестициски фонд финансиран со милијарди долари од Саудиска Арабија.
Авторот на истрагата, исто така, тврди дека одредени големи компании, вклучувајќи банки и технолошки гиганти, донирале милиони долари во инаугуративниот фонд на Трамп, по што одредени истраги против нив биле забавени или замрзнати.
Покрај финансиските аранжмани, истрагата ги испитува и контроверзните претседателски помилувања за одредени донатори на Републиканската партија и кампањата на Трамп.
Ајзак Сол заклучува дека обемот, начинот и отвореноста на овие деловни и политички врски претставуваат, како што тврди, еден од најголемите примери за можен судир на интереси и политичка корупција во модерната американска историја.






