сабота, 16 мај 2026

Голем протест на десничарите во Лондон: Десетици илјади луѓе на улиците (ВИДЕО)

Најмалку 50.000 луѓе се собраа во Лондон на протест „Да го обединиме Кралството“ организиран од крајно десничарскиот активист Томи Робинсон, а во градот се одржуваат и спротивставени про-палестински демонстрации на кои, исто така, се собраа илјадници луѓе.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 4.000 полицајци ја обезбедуваат таканаречената „стерилна зона“ помеѓу двете групи демонстранти, пренесува Би-би-си.

Полицијата користи дронови, полициски коњи и кучиња, а оклопни возила се во состојба на готовност.

Лондонската полиција соопшти дека ова е една од нивните најголеми операции во последните години.

Покрај големите демонстрации, во Лондон денес десетици илјади навивачи организирано се движат кон стадионот Вембли, на финалето од Англискиот куп помеѓу Челси и Манчестер Сити.

Учесниците на демонстрациите „Да го обединиме Кралството“ носат британски знамиња и бараат оставка од премиерот Кир Стармер, кој е од Лабуристичката партија.

Би-би-си пренесува дека покрај тоа дел од учесниците на собирот извикуваат дека „белците се жртви на дискриминација во Англија“.

Про-палестинскиот марш беше организиран по повод Денот на Накба (арапски: Катастрофа) – масовно воено протерување на Палестинците за основање на Израел во 1948 година.

Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Ослободете ги палестинските заложници“ и „Разбијте ја крајната десница“.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ