сабота, 16 мај 2026

Израелската војска уби висок командант на военото крило на Хамас

Палестинската милитантна група Хамас денес потврди дека Израел го ликвидирал воениот командант на милитантното движење, Иза ал-Дин ал-Хадад.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Хамас го осуди „кукавичкото израелско убиство“ на ал-Хадад, командант кој го водел вооруженото крило на Хамас во Појасот Газа, Бригадите Ал Касам, објави Ал џезира.

Хамас соопшти дека ал-Хадад бил убиен во петокот вечерта заедно со неговата сопруга, ќерка и други палестински цивили, обвинувајќи го Израел за најновото кршење на договорот за прекин на огнот во окупираната палестинска енклава и континуираната израелска агресија врз невини палестински цивили.

Палестинското муџахединско движење и неговото воено крило, Муџахединските бригади, издадоа соопштение во кое се вели дека Из ал-Дин ал-Хадад е убиен во брутален израелски напад.

“Ги поздравуваме неговите огромни жртви и долга борба, и се сеќаваме на неговата богата историја на отпор против ционистичкиот непријател до мачеништво. Израел нема да може да го реши конфликтот, и покрај воената машинерија и уништувањето што го спроведува повеќе од две и пол години,” се вели во заедничкото соопштение.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека во воздушен напад во Газа е убиен лидерот на Хамас во Појасот Газа и шефот на военото крило на групата, Из ал-Дин ал-Хадад.

Според Израелските одбранбени сили, Хадад бил цел на „прецизен удар“ и бил означен како еден од „архитектите на масакрот од 7 октомври“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ