среда, 15 април 2026

Внатрешната инсталација на ГТЦ, не е во надлежност на ЕВН, велат од компанијата

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите кои ги добивме, компанијата ЕВН врши дистрибуција на електрична енергија до главната трафостаница, а потоа струјата се распределува до сопствениците и до закупците на деловен и магацински простор во ГТЦ, но тоа го прави акционерското друштво.

„Во конкретниот случај, ГТЦ поседува свои приватни трафостаници, а Електродистрибуција врши мерење на потрошувачка на среден напон, односно на 10кВ. Ова значи дека делот на мрежата која е во сопственост на ЕВН, уредно ја регистрира и фактурира потрошувачката на ГТЦ. Останатиот дел од мрежата, односно внатрешната инсталација, не е во сопственост и надлежност на ЕВН Македонија“ изјавиле од компанијата. 

Дел од медиумите објавија дека вкупно 2,4 милиони евра за три години има потрошено Градскиот трговски центар во Скопје за набавка на електрична енергија од добавувачот Енерџи Актив.

Претпријатието ГТЦ за последната набавка на електрична енергија исплатила 765.000 евра, каде што цената за потрошен мегаватчас е фиксна и изнесува 3.693 денари, покажуваат податоците од договорот за јавна набавка објавен на Бирото за јавни набавки.

Тоа значи дека ГТЦ од Енерџи Актив купува еден киловатчас во вредност од речиси 3,7 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ