вторник, 14 април 2026

ВМРО-ДПМНЕ со пет амандмани за енергетската криза, го повика СДСМ да ги прифати

Објавено на

часот

Сподели

„Плативме 20 милиони евра пенали. Дојде Јанез Копач, плативме пенали зашто не сме произвеле струја и не укоруваа како последни бандити дека сме краделе. На тендер набавувате 900.000 тони јаглен, РЕК нула проценти производство на струја, а ТЕЦ Неготино и Осломеј не работат зашто Васко Ковачевски не си ја врши работата. Одговорност мора да има. Евро немате предвидено во Буџетот за справување со ценовниот шок од поскапувањето на струјата”, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски и апелира СДСМ да ги прифати поднесените амандмани со кои се опфатени граѓаните, стопанските субјекти и социјалните групи.

Претходно пратениците од СДСМ образложуваа дека буџетот е креиран врз основа на очекуваните економски придвижувања и има развојна компонента. Потоа, дека обезбедува редовна исплата на плати и пензии, го следи правилото на јавните финансии и значително ги крати непродуктивните трошења.

Како што рече Диме Велковски од СДСМ, има средства и за решавање на енергетската криза.

„За ова политичките партии најмалку треба да зборуваат зашто од осамостојувањето на државата до денес немаат ништо направено, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ”, рече тој, Велковски потсети дека во 1988 година е изграден последниот енергетски објект – РЕК Битола. 

„Се увезуваше струја и пред седум и пред осум и пред десет години и затоа, некоректни се обвинувањата од опозициските колеги. Да се обвинуваме во овој дел е некоректно. Сите знаеме каква технологија имаме, тоа е критика за сите нас”, напомена Велковски.

Тој потсети дека 12 години не работи ТЕЦ Неготино кое обезбедува третина од производството на РЕК Битола, но се прават напори повторно да профункционира за да се излезе во пресрет на енергетската криза.

„Ќе ги обивните ли СДСМ сега дека нема снег?”, праша иронично Велковски.

Во однос на непродуктивните трошења, пратеникот од СДСМ со конкретни бројки укажа дека средствата се намалени.

„Во 2015 година за возила биле проектирани 161 милион денари, а во 2021-ва биле проектирани 28 милиони. За мебел, пак, во 2015 година биле проектирани 57 милиони денари, а во 2021-ва 20 милиони”, рече Велковски.

Тој му одговори и на Стојановски изјавувајќи дека средства има доволно.

„Секогаш има резерва. Како што беа пренасочени 65 милиони евра за призводство на електрична енергија за кризата да биде помала, така има и во другите сегменти. Државата мора да предвиди и работи кои би можеле да се случат. Секогаш кога има вакви проблеми, државата мора да ги реши. Тоа го правела изминатите години и ќе го прави во иднина”, изјави  Велковски.

На почетокот на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, Предлог-буџетот за 2022 година го образложи министерот за финансии Фатмир Бесими. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ