среда, 15 април 2026

Утре во Сити мол вашите Тимберленд чизми ќе ги дизајнира Игор Стевковски

Објавено на

часот

Сподели

Сите посетители имаат можност да ги донесат своите омилени жолти чизми од брендот и истите да бидат уникатно исцртани од одличниот артист Игор Стевковски. Со ова, сите урбани момци и девојки ќе добијат можност да поседуваат уникатно парче со кое ќе остават свој печат во сезоната што доаѓа.

Токму последната кампања на Тимберленд уште еднаш нè потсетува на важноста на култните жолти чизми во општеството и како истите успеаја од навидум едноставни обувки, да станат икона на стилот за многумина.

Ова го докажува и фактот што токму некои од најголемите артисти во светот се дел од оваа кампања и ја раскажуваат нивната приказна поврзана со култните чизми, каде тие ги однеле во животот и зошто секој треба да поседува барем еден чифт.

Сите заедно, споделуваат инспиративни нешта од нивниот живот, нешта што ги движат напред и нешта кои им помагаат да продолжат да создаваат во животот.

„Секој нов ден надвор, наоѓам нешто што ме инспирира да правам нова музика, без разлика дали тоа е некоја ситуација, нов збор, боја, улица… Кога мислам на иднината, денес е првиот ден од мојот живот. Заборави на сè што се случило претходно. Само фокусирај се на следната цел и продолжи да движиш напред“, вели Мејхем Лорен како дел од инспиративните приказни на Тимберленд.

Токму вакви приказни ќе раскажуваме оваа сабота во продавницата на Tимберленд каде заедно со нашите пријатели ќе се обидеме да ви приредиме супер попладне проследено со многу подароци на кои знаеме дека ќе се израдувате.

Ве покануваме заедно да го одбереме совршениот чифт чизми за вас, а ние ќе се погрижиме викендот да биде вистинско уживање за вас и целото семејство!

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ