ССМ бара усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор согласно договореното на Економскиот – социјален совет по пат на социјален дијалог. Синдикатот бара и измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата, односно таа да се зголеми најмалку на 18 илјади денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата. Освен тоа се бара и потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор и Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
Во зависност од резултатите од овој протест, од ССМ велат дека ќе повикаат и на генерален штрајк што ќе продолжи преку изразување на разни форми на работничко незадоволство и синдикален притисок.






