вторник, 14 април 2026

РКЕ ги намали цените на нафтените деривати за 5,28%

Објавено на

часот

Сподели

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 3,016 денар/килограм и сега ќе изнесува 38,527 ден/кг.

Од полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС 95 –  71 (денари/литар);

Моторен бензин Еуросупер БС 98  – 73 (денари/литар);

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 63,00 (денари/литар);

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 62,50 (денари/литар);

Мазут М-1 НС – 38,527 (денари/килограм).

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 8,896%, кај дизелот за 8,559 %, кај екстра лесното масло за 8,364 % и кај мазутот намалување е за 8,599%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,599 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ