вторник, 14 април 2026

Празнична магија во Ист гејт мол

Објавено на

часот

Сподели

Во понеделник со почеток од 18:00 часот, во центарот на Ист гејт се палат светилките на 12-метарската елка, со што празничните настани официјално започнуваат. Следи големо музичко и слатко изненадување, насловено како „Осветлување на новогодишната елка во Ист гејт мол“. Секој посетител ќе може да ужива со Дедо мраз, како и со Сара Мејс и Крисмас гирлс (Sarah Mace & The Christmas Girls), кои заеднички ќе ја осветлат пријатната зимска атмосфера во молот.

Календарот на празнични активности на Ист гејт мол изобилува со разновидни можности за забава и уживање во декември и јануари, како Design Gate (ексклузивна продажба) од 15-20 декември, како и уникатниот „Unview the new – by BMW“ настан на 25 декември.

Оваа празнична сезона, сите слушатели на добрата музика, како и посетителите во молот, ќе продолжи да ги забавува Сити радио со студиото во живо во Ист гејт мол. А низ шопинг коридорите веќе може да се ужива и во изложбата ,,Изгледаш прекрасно денес” во организација на Јуроп хаус и Европската Комисија, која што ќе биде изложена до 10 јануари.

Со нетрпение исто така се очекуваат и останатите празнични настани во Ист гејт мол, како што се „Празничната и магична Глам ревија“ на 16 декември со почеток во 17 часот, „Музички танцов фестивал“ за сите дечиња како најмлади посетители на молот, на 18 декември со почеток во 13 часот, „Christmas Cooking with Branko by Vitaminka & East Gate Mall“ на 23 декември со почеток во 17 часот, „Wine & Dine Фестивал“ од 23 фо 25 декември, како и најавениот „Регионален саем за туризам“ од 17-18 декември и Полифонија (детски хор), музичка платформа на млади уметници на 19 декември од 12 часот и на 30 декември со почеток од 17 часот.

Од своето отворање, најголемиот мол од европски ранг во регионот продолжува со уникатна понуда и магично празнично искуство, заедно со 250 популарни и реномирани брендови, од кои 40 за прв пат им станаа достапни на домашните, но и на странските, урбани љубители на комфорниот шопинг во пространиот Ист гејт мол, — како Zara и Zara Home, Kiko Milano, Under Armour, Cropp, XYZ, Housebrand, но и голем број на препознатливи брендови на оние кои го негуваат својот стил, Massimo Dutti, Nike, Madame Coco, Furla, Tods, Armani Exchange, Calvin Klein, Pandora, Patrizia Pepe, Valentino, Dsquared2, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset, Babor Cosmetics, Neptun Electronics, Mango Man-Woman-kids, De Facto, Intimissimi, и уште многу други.

 

Фокусот на Ист гејт мол е да ги исполни очекувањата на секој посетител, без разлика дали секоја од желбите содржи подароци за најблиските, зголемување на личната колекција на накит и очила, освежување на празничниот стил со удобни, но и модерни парчиња облека и обувки, или пак влегување во светот на најчитаните бестселери од удобноста на Café Literatura и впуштање во вистинско гастрономско уживање со семејството и пријателите, со вкусните специјалитети преку разновидниот кулинарски избор во Ист гејт мол. Празничната магија е во Ист гејт мол. Ти си центар.

Комерцијален текст

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ