вторник, 14 април 2026

Плата нема, работниците од „Колска“ два часа ја блокираа пругата

Објавено на

часот

Сподели

Платите доцнат од септември, а поради тоа работниците немаат ниту здравствено осигурување, објави порталот Дума.мк.

„Доколку денеска или утре нема одлука за нашите барања ние ќе одиме на протест пред Влада. До сега ни некој не побара ниту стигна покана за разговор.Тоа ни зборува дека никој повеќе нема интерес за нас. А ние немаме земено три плати. Стар долг кон УЈП е причина за блокираната жиро сметката. Бараме плата за септември со придонеси и разумен рок од УЈП за плаќање на стари обврски,“ изјави Тони Арсовски претседател на синдикалната организација на ССМ.

„Не може три месеци да бидеме без денар. Срамота е, како да се живее без пари?. Веќе ни е преку глава. Десетина години сме во ваква состојба. Еднаш за секогаш нека се реши состојбата, или нека нѐ спојат со Македонски железници или клуч на капија“, велат работниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ