Независната угостителска комора информира дека на 25 ноември до градоначалничка на Град Скопје достави барање за работна средба, за работен појадок со угостителите од градот со дискусија за унапредување на угостителската индустрија, но и дека на 1 декември достави и потсетување за поканата за работна средба.
Од оваа Комора велат дека дури и во два наврати бил реализиран телефонски разговор со цел да се добие повратна информација за барањето за предовогодишен термин за средбаг, но без резултат за добивање на конкретен одговор.
„Тоа нѐ води до заклучокот и прашањето за тоа со каков тоа градоначалник ќе ја развиваме угостителската индустрија во градот Скопје“, нагласуваат од НУК и велат дека е разочарувачки што и покрај потсетувањето и телефонските контакти три недели нема одговорор од градоначалничката Данела Арсовска.
НУК ги поставува прашањата:
„Дали градоначалничката на Град Скопје воопшто планира да се сретне со претставници на НУК и со претставници на реномирани угостители или пак, своите средби ќе продолжи да ги прави позади затворана врата само со угостители членки на Сојузот на стопански комори на Македонија? Игнорантскиот однос нѝ укажува дека новата градоначалничка ниту имала ниту планира некаква програма и идеја за поддршка, развој и унапредување на работењето на градските угостители или, едноставно и просто, кажано нема намера воопшто да се замара со угостителите на град Скопје кои не се членки на Сојузот на стопански комори на Македонија“.






