вторник, 14 април 2026

„Мотоцентар галерија“ во Ист гејт мол

Објавено на

часот

Сподели

„Мотоцентар галерија” е распространета на вкупно 400 м2, на две нивоа. Составена е од продажно-изложбен салон (ниво -1) и премиум сервисен центар (ниво -2). Со фокус на врвен квалитет, функционалност, но и на естетика, во својот продажно-изложбен салон, „Мотоцентар галерија“ овозможува понуда на врвни пневматици составена од светски реномирани брендови, фелни од познатиот италијански производител, автомобилска галантерија и козметика, како и повремена презентација на возила. Покрај редовните сервисни услуги кои се нудат и во останатите „Мотоцентар“ центри, премиум сервисниот центар во рамки на „Мотоцентар галерија“ се карактеризира со нови, специфични машини кои се новитет на нашиот пазар. Една од нив е машината за дијагностика на пневматиците со која се врши проверка на пневматикот за статусот на неговата искористеност (изабеност), со прецизност од највисок степен. Дополнителна новина се и машините за внатрешно чистење на фелни. Со имплементација на најновите технолошки решенија од оваа област, „Мотоцентар галерија“ ги доближува светските трендови до нашите корисници, водејќи грижа за нивната безбедност и истовремено поставувајќи нови стандарди на домашниот пазар и пошироко, во регионот.

Водејќи се од современите животни текови и навики, како и од потребите на нашите Клиенти како што се зголемена мобилност и се помалку слободно време, во изминативе неколку години Мотоцентар почна да еволуира од сервис за пневматици во One stop сервис за возила, лесни и товарни. Во оваа насока, и покрај препреките со кои целиот свет се соочува во изминативе две години, се одлучивме на храбар потег – направивме детални процени и анализи и земајќи ги предвид побарувањата на Клиентите, го збогативме нашето “Мотоцентар“ семејство со нов, премиум формат – „Мотоцентар галерија“. Она што „Мотоцентар галерија“ ја двои од досегашната наша понуда е пристапот кон времето на потрошувачот, како можеби највреден ресурс во ова динамично доба. Накусо, на нашите корисници им нудиме премиум понуда и светско сервисно портфолио, единствено во нашата држава, сето тоа додека може да уживаат во шопинг низ трговскиот центар. Тоа е концептот на „Мотоцентар Галерија“, изхави Горан Гроздоски, сопственик на „Мотоцентар“.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ