вторник, 14 април 2026

МЕПСО: Нормализирано снабдувањето со струја во југозападниот дел на земјава

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од МЕПСО, причина за прекинот во снабдувањето биле невремето и обилните снежни врнежи.

„Во југозападниот дел на земјава снабдувањето со електрична енергија е нормализирано откако претпладнево во 11.35 без напон останаа два 110-киловолтни далекувода од Вруток до Шпилје и од Битола до Ресен. Причина за испадот се невремето и обилните снежни врнежи. Наши екипи се на терен, работат на санирање поситни дефекти кои не влијаат на снабдувањето со електрична енергија“, изјавиле од МЕПСО за МИА.

Оттаму додаваат и дека за санирање на ситуацијата со далекуводите веднаш излегле на терен над 30 стручни лица со потребна механизација.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ