вторник, 14 април 2026

„Макпетрол“ предупредува на лажната наградна игра на „Фејсбук“

Објавено на

часот

Сподели

Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол“ АД има една наградна игра која се реализира под мотото „Верна – Една и единствена“, како и еден официјален Фејсбук профил, „Макпетрол ултра“. Добитниците од истата се истакнуваат на официјалните веб-страници на компанијата и програмата за лојалност „Верна“, www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека добитниците на наградите од мастер колата се објавуваат и во емисијата „Верна – Една и единствена“ која се емитува на телевизија „Телма“. Дополнително, по секое извлекување среќните добитници се известуваат лично, преку телефонски разговор од официјалниот кол-центар на компанијата – истакнуваат од „Макпетрол“.

Компанијата веќе го пријави случајот кај надлежните институции, а ги советуваме граѓаните доколку наидат на вакви или слични лажни наградни игри да го сторат истото и да не ги земаат за релевантни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ