среда, 15 април 2026

Инженери на „Фероинвест“ ја монтираат опремата за ХЕ „Накра“ во Грузија

Објавено на

часот

Сподели

„По завршување на првата фаза, следува секундарно бетонирање на турбинските куќишта и сушење на бетонот во период од 14 дена. Во тој период, во Грузија ќе пристигнат уште два камиони со генератори со што почнува втората фаза од монтажата на опремата“, велат од компанијата.

За монтажа на опремата во втората фаза, на терен во Грузија ќе пристигне друг тим од електро инженери и техничари кои паралелно ќе работат на монтажата на електроопремата (среднонапонски ќелии, нисконапонски ормари, трансформатори, каблирање), а првата екипа ќе продолжи со останатата машинска опрема (работно коло, инјектори, млазници, хидраулични цилиндри, хидраулични агрегати).

Во последната трета фаза од монтажата на опремата во Грузија ќе пристигне тим од секторот за  управување и СКАДА со што започнува тестирањето на опремата, конфигурирање на СКАДА системот, тестирање на генераторски лежишта и на крај 24 часовен тест по што се смета дека хидроелектраната е пуштена во работа.

Групацијата Брако – Фероинвест произведе опрема за две други хидроелектрани во Грузија ХЕ „Ипари“ и ХЕ „Келра“ кои веќе две години успешно произведуваат електрична енергија.

Големиот енергетски проект е финансиран од Европска банка за обнова и развој, што е уште една потврда за квалитетот и експертизата на групацијата „Фероинвест“ во проектирање и изведба на енергетски капацитети. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ