
Оттаму најавуваат дека производството на електрична енергија ќе почне следната недела, а мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием.
Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршиле генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, генералниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и членови на управните одбори на двете акционерски друштва.
Како што соопштуваат од ЕСМ, ТЕЦ Неготино, како државна електрана, има статус на ,,ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените се одржува во состојба на готовност.
ТЕЦ Неготино сега се вклучува во услови на глобална енергетска криза и огромен раст на цената на електричната енергија, поради што производната цена на оваа термоцентрала, која во нормални околности беше висока, сега е пониска од цената на берзите.






