Според Бесими, ако нема консензус никој нема да добие политички поени, а штета ќе имаат граѓаните и економијата на државата.
„Стојат битни закони во собраниска процедура. Еден проект како Коридорот 8 значи многу за нашата економија, значи и нови вработувања, доходи. Или законот за задложување кај ЕБОР за автopатот Кичево – Охрид, голем број ИПА проекти. Законот за буџети цела година е во Парламентот, а има јасно дефинирани фискални правила. Има и други вакви закони кои директно влијаат врз инвестициите“, потенцира министерот.
Пратеникот Љупчо Пренџов рече дека ако постои доблест, во второто читање може да се направат корекции со цел подобрување на Предлог-буџетот.
„Заборавате дека изминатите три месеци додека фалеа чипови за автомобилската индустрија и додека цените во енергетиката се зголемија, ние немавме одговорен премиер. Тој го правеше она што го знае, да се коцка. Затоа не се прави Буџет во Влада. Во второто читање можеме многу да го подобриме буџетот ако бидеме доблесни“, истакна пратеникот.






