Министерот за економија Крешник Бектеши по неговата работна посета на Косово и средба со колешката Артане Ризваноли изјави дека се очекува да се потпише договор за набавка на три милиони тони јаглен годишно за наредните пет години за потребите на македонските термоелектрани.
Доставен бил меморандум за соработка и рамка, во однос на параметрите што ни требаат за да функционираат термоелектраните, во однос на квалитетот на јагленот што треба да се увезе од Косово.
Косовските власти се очекува да одговорат за две недели, а цената сè уште не е договорена.
Тој денеска се сретна со својата колешка Артане Ризваноли, а на средбата се договориле да се потпише Меморандум за разбирање меѓу Македонија и Косово со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен за производство на струја од домашните енергетски капацитети.






