Станува збор за делото со наслов „Ништо случајно“, во кое авторката ја раскажува својата лична и професионална приказна – од основањето на „Групер.мк“, првата платформа за групни попусти во земјата, до нејзиното искуство како министер за финансии. Книгата обработува теми поврзани со бизнисот, лидерството, политиката, мајчинството и личните предизвици.
Ангеловска-Станков е добитничка на многубројни признанија, меѓу кои листата „30 под 30“ на „Форбс“ во 2018 година, именување за глобална амбасадорка за е-трговија за жени од УНКТАД во 2019 година, како и вклучување на листата „Топ 50“ на „Блумберг адрија“ во 2023 година.
Книгата веќе е достапна во претпродажба, а официјалната промоција е најавена за 3 јуни по што ќе може да се набави во книжарниците на „Три“ и онлајн.






