понеделник, 25 мај 2026

Во последното деноноќие приведени се 14 возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од кои деветмина управувале возило без возачка дозвола (тројца во Прилепско и по еден во Желино, Гостивар, Кичевско, Куманово, Скопје и Делчево), двајца под дејство на алкохол (Гевгелија и Скопје) и тројца со активна забрана за управување (Кичево, Куманово и Велес), соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ