петок, 22 мај 2026

Форд ја претстави освежената фиеста (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Визуелните корекции на фиестата вклучуваат поинаква предна маска, како и подновени ЛЕД светла и браници. Освен тоа, некои верзии ќе добијат и алуминиумски тркала со нов дизајн, а тука е широката палета на бои.

Во внатрешноста има нов мултимедијален систем и 12,3-инчна дигитална инструмент-табла.

Еднолитарскиот екобуст трицилиндерски мотор е достапен со 125 или 155 коњски сили, заедно со интегриран стартер генератор кој дава повисок вртежен момент при забрзувањата. Благиот хибрид е стандардно во комбинација со шестбрзински рачен менувач, додека послабата верзија е може да се добие и со седумбрзински автоматски менувач.

Единствениот конвенционален мотор е бензинецот со 100 коњски сили кој доаѓа само со рачен менувач. Врвот на понудата е фиеста СТ, чиј 1,5-литарски бензинец е унапреден за максималниот вртежен момент да се зголеми од 290 на 320 њутнметри, додека силата остана иста – 200 коњски сили.

[video:https://youtu.be/dS4u8Czb8A0 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ