понеделник, 1 јуни 2026

Жестока пресметка на демонстранти со полицијата во САД, воведен полициски час (ВИДЕО)

Градоначалникот на Њуарк воведе вчера полициски час околу центарот за притвор на имигранти во Њу Џерси. Одлуката беше донесена по серијата жестоки судири меѓу демонстрантите и полициските сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицискиот час околу комплексот Делани Хол ќе биде на сила секоја вечер од 21:00 до 6:00 часот наутро до понатамошно известување, потврди градоначалникот Рас Барака во официјално соопштение.

Овој радикален потег следува по уште една ноќ насилни конфронтации меѓу органите на редот и демонстрантите пред самиот објект. На фотографиите и видеата кои се објавени на социјалните мрежи се гледа како демонстрантите се борат со полицијата на заштитните барикади, додека специјалци ги потиснуваат со штитови за да ги разбијат протестите. На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат и полицајци на коњи како трчаат кон демонстрантите во обид да разбијат и растераат групи луѓе.

Големите протести пред Делани Хол започнаа претходно овој месец. Активистите за човекови права објавија дека притворените во комплексот почнале масовен штрајк со глад поради катастрофалните услови за живот во објектот со капацитет од 1.000 кревети. Овој притворен центар стана најновото место на отпор и бунт против строгата имиграциска политика и постапките на федералните власти.

Во петокот имаше и промена на теренот. Државната полиција на Њу Џерси ја презеде безбедноста на објектот, заменувајќи ги агентите на Агенцијата за емиграција, кои со денови претходно се соочуваа со лути демонстранти пред центарот за притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ