среда, 27 мај 2026

Во Италија уапсени водачите на криминална мрежа осомничена за даночна измама тешка 78 милиони евра

Во Италија се уапсени водачите на криминална организација осомничена за даночна измама тешка повеќе од 78 милиони евра преку трговија со електронска опрема, хигиенски и производи за домаќинство, соопшти Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Акцијата е дел од истрагата со кодно име „Небула“, почната минатата година.

Според ЕППО, уапсени се осомничените водачи на мрежата и нивни блиски соработници, откако италијански судија ги испитал пред издавањето налози за апсење, согласно со неодамнешните измени во италијанската кривична постапка.

Двајца осомничени, идентификувани како организатори, се задржани во притвор, уште четворица се ставени во домашен притвор, додека за двајца се изречени алтернативни мерки, меѓу кои редовно јавување кај властите и забрана за деловни активности.

Истрагата покажала дека мрежата управувала со сложен систем на фирми преку кои од италијански трговци на големо купувала стока ослободена од данок на додадена вредност, по што таа само формално била препродавана преку фиктивни компании, а потоа повторно продавана без плаќање ДДВ.

Обвинителите наведуваат дека осомничените често ги менувале фирмите вклучени во шемата и ги регистрирале на имиња на лица без реален имот, со цел да ги скријат трагите и да ги попречат истрагите.

Според Ројтерс, Европското јавно обвинителство последниве години ги засили истрагите за прекугранични измами со ДДВ, кои на Европската Унија секоја година ѝ предизвикуваат загуби од милијарди евра.

ЕППО потсетува дека сите осомничени се сметаат за невини додека нивната вина не биде докажана пред надлежен суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ