среда, 27 мај 2026

Еден ќе освои прв европски трофеј: Кристал Палас против Рајо во финалето на КЛ

Вечерва во Лајпциг ќе биде испишана нова страница во историјата на Кристал Палас или Рајо Ваљекано, кои за првпат ќе играат европско финале и ќе се борат за трофејот во Конференциската лига на УЕФА.

Објавено на

часот

Сподели

За Кристал Палас ова е историски исчекор по неуспешниот настап во Интертото купот кон крајот на деведесеттите, додека Рајо Ваљекано досега најдалеку стигна до четвртфиналето на Купот на УЕФА во сезоната 2000/01.

Тимот на Оливер Гласнер до финалето стигна преку серија силни партии против Зрињски, АЕК Ларнака, Фиорентина и Шахтјор, додека шпанскиот претставник зад себе ги остави Самсун, АЕК и Стразбур, а во лигашката фаза играше и со Шкендија.

Тешко е да се посочи фаворит пред дуелот на Ред Бул Арена, но мала предност за англискиот тим може да биде фактот што немаше резултатски притисок во финишот на домашното првенство и целосно беше фокусиран на европското финале. Од друга страна, Рајо Ваљекано беше во трка во Ла Лига за нов европски пласман до последната рунда изминатиот викенд.

Финалето во Лајпциг се игра вечерва во 21:00 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ