среда, 27 мај 2026

Ѓоковиќ на Ролан Гарос ќе игра против Французин кој учел тенис во Белград

24-годишниот француски тенисер, Валентин Роје е денешниот противник на Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос, меч во рамките од второто коло на Ролан Гарос.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Интересно е што овој Французин во јуниорските денови неколку години поминал во Белград каде учел тенис.

Со 14 години тој тренирал во академијата на Типсаревиќ и тој период оставил голем впечаток на него и влијаел на понатамошниот тек на кариерата.

„Јанко има многу високи стандарди. Кога ќе му кажете дека сакате да бидете меѓу првите 100 или сонувате да бидете меѓу првите 10, мора да ја поставите летвичката многу високо. Вашата дисциплина и работна етика мора да бидат исти“, вели 74. тенисер во светот.

„Најважната разлика во Источна Европа што се издвојува е работната етика. Тие не се плашат од работа. Најчесто овие момци играат тенис за да заработат подобар живот, а не за да се забавуваат. Тие навистина сакаат да успеат во тенисот. За нив тоа е малку како, работа или смрт. Тоа ми донесе дисциплина на која не се навикнати сите во Западна Европа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ