Гостите од Тексас подобро го отворија натпреварот и во раната фаза имаа предност од осум поени, но Оклахома брзо воспостави контрола и до крајот на првата четвртина веќе го сврте резултатот во своја корист. Од тој момент домаќините постојано ја зголемуваа предноста, а Сан Антонио немаше одговор за расположениот напад на шампионот. Разликата во неколку наврати беше и двоцифрена, па победникот практично беше решен уште пред финишот.
Најзаслужен за триумфот беше Шеј Гилџус Александер, кој мечот го заврши со 32 поени и девет асистенции. Кај Сан Антонио, најефикасен беше Стефон Касл со 24 поени, додека Виктор Вембањама постигна 20.
Следниот натпревар од серијата ќе се игра во Сан Антонио, каде Спарс ќе се обидат да изборат мајсторка.






