среда, 27 мај 2026

Полот на зелената желка зависи од загадувањето

Зелените желки јадат алги и морски трева, кои можат да содржат метали што го нарушуваат ендокриниот систем, вклучувајќи кадмиум и антимон, кои потоа се пренесуваат во нивните јајца.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

За да открие што влијае на полот на загрозените желки, истражувачот од Квинсленд, Артур Бараза, од Австралискиот институт за реки при Универзитетот Грифит, ги проучувал желките на островот Херон, околу 80 километри од брегот на Гладстон на јужниот крај на Големиот корален гребен.

Односот на половите на младенчињата на островот Херон изнесува околу 65 проценти женки кои се раѓаат секоја сезона. Многу студии на островот во последните години се занимавале со истражување на начинот на ладење на гнездата за да може да се родат повеќе мажјаци кои недостасуваат за опстанокот.

Студијата на д-р Бараза се темелеше на истражување за влијанието на ладењето на гнездата со наводнување со вода.

Младенчиња на зелени морски желки беа прегледани на островот Херон за да се види дали загадувачи влијаеле на полот во кој се родиле и се покажа дека еден метал има врска со ова отстапување да се раѓаат повеќе женки.

„Откривме дека особено металите како што е кадмиум, имаат потенцијал да влијаат на односот меѓу половите кај младите морски желки во развој“, изјави тој за Еј-би-си, истакнувајќи дека претходните истражувања покажале дека околу 72 проценти од австралиските зелени желки се изложени на ризик од контаминација со кадмиум.

Поради загрозениот статус на желките, д-р Бараза рече дека иако неговата студија не е конечна, има доволно докази за да се оправда понатамошна истрага за ефектот на развивање женски карактеристики од металите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ