Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северен и северозападен правец.
Утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 21 степен, додека дневните ќе бидат во интервал од 30 до 35 степени Целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени Целзиусови.





