Како што информираат од полицијата, утрово во четири часот во полициското одделение Групчин, 59 годишниот С.М. од Сараќино пријавил дека неговата ќерка П.М. се оддалечила од семејниот дом.
Според пријавата, таа го напуштила домот вчера поладне, по што семејството не успеало да стапи во контакт со неа.
Од полицијата велат дека веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на исчезнатата девојка.






