Полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Г. и возило „шкода октавија“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.Г., при што во возилото „фолксваген“ биле пронајдени седум луѓе, мигранти од Египет и било констатирано дека возилото „шкода“ било претходница.
„За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против косовските државјани е поднесена кривична пријава и им е определена мерка притвор во траење од 30 дена“, информираат од МВР.
Двајцата се спроведени затворот Скопје во Шуто Оризари за издржување на мерката, додека мигрантите се сместени во Центар за баратели на азил во скопско Визбегово.






