вторник, 26 мај 2026
Детали од МВР

Багеристот излегол навреме инаку ќе бил потрупан од свлечиштето при изградба на зграда во Центар

Свлечиште на земјиште настанало вчера попладне при ископ за изградба на зграда на улицата „Христо Смирненски“ во Скопје, при што бил затрупан багер, а оштетени биле делови од улиците и едно возило.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР Скопје, случајот бил пријавен на 25 мај околу 13:30 часот. При вршење ископ со багер, ангажиран од фирма-инвеститор, дошло до свлечиште на земјата, при што багерот бил затрупан. Лицето кое управувало со работната машина успеало навреме да излезе и не е повредено.

Од свлечиштето биле оштетени делови од тротоарот на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Христо Смирненски“, а падната бандера оштетила и патничко возило дачија сандеро, сопственост на Е.М.

За случајот биле известени јавен обвинител, Центарот за управување со кризи, ЕВН, Општина Центар и Државниот инспекторат за труд.

Полициски службеници извршиле службен разговор со претставници на правното лице-инвеститор, како и со багеристот А.М., а се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ